Свет

„Меркатор“ ја отвара првата поп-ап продавница

15 ное 2019

Групацијата „Меркатор“ наскоро ќе ја отвори својата прва паметна поп-ап продавница. 

Од компанијата соопштија дека тоа ќе го направат по примерот на најголемите светски трговски синџири како што се „Теско“, „Карфур“, „Волмарт“...

Развиваме возбудливи решенија. Следејќи го моделот од странство, наскоро ќе поставиме пробна поп-ап продавница во кој можете да купувате без присуство на продавач. Станува збор за мобилна продавница за луѓе кои се на поминување и кои сакаат да искусат нов вид купување: влез/излез, електронски цени, виртуелен асистент за помош и слично, соопштија од компанијата. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...