Свет

Речиси третина од светските компании воведоа четиридневна работна недела

18 окт 2019

Се зголемува бројот на компании во светот кои воведуваат четиридневна работна недела наместо сегашната петдневна, со цел да ги задржат квалитетните и способни вработени. Ова го покажале податоците на Американската агенција за истражување на пазарот на трудот.

Според податоците на Агенцијата, 27 отсто од компаниите на глобално ниво на вработените им нудат можност да работат по четири дена во седмицата со работно време од 9 до 10 часа дневно, наместо сегашните пет дена со по 8 работни часа. 

Резултатите од истражувањето покажале дека овој тренд придонесува за подобро расположение кај вработените, но и за повисока продуктивност.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...