Свет

„Вернер&Мерц“ отвори нов производствен погон

16 окт 2019

„Вернер&Мерц“ отвори нов производствен погон во Мајц, Германија. Објектот е изграден со специјални решенија, како што е примена на најголема дозволена количина рециклиран бетон, но и имплементација на 455 соларни панели кои ги снабдуваат со енергија разладните единици во целата зграда

Објектот е опремен и со ЛЕД осветлување при што преку сензори се штеди електрична енергија. 

Производствениот погон е во служба на мисијата да се одржи позицијата на компанијата како светски рекордер во производството на рециклирана амбалажа. 

Од компанијата соопштија дека со децении наназад се обидуваат да дадат свој придонес во мисијата за заштита на животната средина и одржлив развој. „Вернер&Мерц“ преку своите производи Frosch, Erdal и многу други, инсистира на ефикасни резултати со минимално влијание врз животната средина. На тој начин, ја чува планетата за сегашните и за идните генерации, не штедејќи на квалитет и на резултати. 

Во оваа фабрика во Мајнц е произведена и наполнета дури 297 милиони ПЕТ амбалажа.

Побарувачката на производи за чистење од Мајнц сега е поголема од кога било претходно: најдобри резултати остварува брендот Frosch; во периодот 2016-2018 година приходите од продажбата на овие производи се зголемија, исто како и уделот на пазарот кој се зголеми за 14 отсто, изјави Рајнхард Шнајдер, сопственик на компанијата. 

Со вложуваеата во унапредување на продажбата, „Вернер&Мерц“ оди во чекор со повисоките барања на купувачите, не запоставувајќи го квалитетот и напорите во борбата за почисти океани, за што оваа компанија се залага.