Свет

„Нестле“ основа Институт за амбалажа и пакување

13 сеп 2019

Компанијата „Нестле“ основа Институт за амбалажа и пакување, што е прв од ваков вид во прехранбената индустрија. 

Од „Нестле“ велат дека со помош на овој Институт, компанијата ќе воведе на пазарот функционални, сигурни и еколошки решенија за амбалажа, но и ќе придонесе за глобално решавање на проблемот со пластичниот отпад. Визијата е ниту една амбалажа, вклучувајќи ја и пластиката, да не заврши на депонија. 

Покрај пакувањата за повеќекратна употреба, Институтот на „Нестле“ ќе работи на научни и на технолошки решенија, како што се нови материјали на основа на хартија и биоразградлива амбалажа. Компанијата ја прифати и амбициозната цел од „Парискиот договор“ за борба против климатските промени, а тоа е да се ограничи порастот на глобалната температура на 1,5 целзиусови степени. 

Во последните 4 години, во водечките 100 дистрибутивни центри на светските компании, емисијата на стакленички гасови се намали за приближно 40 отсто. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...