Свет

(ВИДЕО) „Старбакс“ ја отвора најголемата кафетерија во светот

10 сеп 2019

Најпознатиот синџир кафетерии „Старбакс“ ќе го отвори својот најголем објект досега на површина од 43.000 квадратни метри, кој ќе биде лоциран во Чикаго.

Компанијата соопшти дека ресторанот ќе биде отворен на 15 ноември и дека Чикаго ќе го замени Токио како град со најголем „Старбакс“.

Се очекува oбјектот во Чикаго  да биде и своевидна туристичка атракција. Во понудата ќе бидат вклучени специјални кафиња и чаеви, како и огромни садови за кафе. Ќе има и коктел-барови, а ќе се служи и храна. .

Кога „Старбакс“ го најави објектот во Чикаго во 2017 година, беше објавено дека тоа ќе биде апсолутно сензуално опкружување за консумација на кафе, посветено на печење и правење кафиња од целиот свет.

Погледнете како ќе изгледа кафетеријата: