Свет

Два нови дисконти „Супеко“ во Франција

10 сеп 2019

„Карфур“ во моментот има 23 продавници „Супеко“ во Шпанија, 15 во Романија, 2 во Полска и една во Италија...

Овој банер на „Карфур“ е лансиран во Шпанија во 2012 година додека шпанските операции ги предводеше Паскал Клоузар. Тој во 2017 година го презема раководењето со операциите во Франција.

Првата продавница „Супеко“ во Франција е веќе отворена, а отворањето на втората е најавено на 25 септември.

Трговецот соопшти дека го присопособува „Супеко“ на францускиот пазар за да понуди нов модел „мек дисконт“. Во продавницата ќе има пекарница и месарница и оддел за свежо овошје и зеленчук.

Во понуда се 2.000 производи  во споредба со 15.000 производи колку има во супермаркетите „Карфур“, а  најголем број од производите ќе бидат приватни трговски марки.

„Карфур“ кој работи преку 12.000 продавници во светот, вклучувајќи 5.200 продавници во Франција, се наоѓа на половина од својот петгодишен план за реконструкција за намалување на трошоците и зголемување на перформансите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...