Свет

Премиум пивата ја „билдаат“ продажбата на „Карлсберг“

15 авг 2019

Продажбата на пива од компанијата „Карлсберг“ порасна за 6,5 отсто во првото полугодие од годинава, затоа што данската пиварница продаде поголема количина од своите поскапи пивски брендови. 

Приходите од продажбата за овој период изнесуваат 4,9 милијарди долари. 

Тоа придонесе да се зголеми нејзината оперативна маржа, и покрај тоа што продолжија тешкотиите што компанијата ги има на рускиот пазар. Во Русија, која е главен пазар на „Карлсберг“, регистриран е пад на продажбата поради силната конкуренција и растот на цените на почетокот на годината, што доведе до губење на пазарниот удел. 

На азискиот пазар, кој е најбрзо растечки пазар на „Карлсберг“, компанијата оствари пораст на нето приходите од 15 отсто, со зголемена продажба на премиум брендовите.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...