Свет

Сопствениците на „Волмарт“ заработуваат 70.000 долари во минута!

15 авг 2019

Газдите на светските малопродажни синџири заработуваат милиони долари за само еден ден, анализира „Блумберг“. 

Вкупно 70.000 долари во минута, четири милиони долари на час, е заработката на најбогатото семејство во светот, кланот Валтон, што е сопственик на најголемиот малопродажен ланец „Волмарт“. Валтон секој ден стануваат побогати за 100 милиони долари. 

По таа динамика, нивното богатство се зголемило за околу 23.000 долари од моментот кога почнавте да го читате овој текст, пишува „Блумберг“

Семејството Валтон “тежи“ 191 милијарди долари, а само во текот на изминатата година, нивното богатство се зголеми за 39 милијарди долари.

Семејството Марс, кои заработуваат огромна сума на пари преку продажба на чоколади, во последните 12 месеци успеа да заработи 37 милијарди долари, за да достигне ниво од 127 милијарди долари.

Најбогатите семејства во светот, вкупно 25, се сопственици на 1,4 илјада милијарди долари, што е скок од 24 отсто во однос на истиот период лани. 

Најмалку “тежат“ овие три семејства: Лаудер (сопственици на козметичкиот бренд Estee Lauder) со 32,3 милијарди долари, семејството Хофман (сопственици на Roche) со 31,3 милијарди долари и семејството Фереро (сопственици на брендот Ferrero) со 29,8 милијарди долари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...