Свет

Опадна продажбата на пиво во Германија

08 авг 2019

Во првата половина од годинава, продажбата на пиво во Германија падна на 4,6 милијарди литри, што е најмалку во последниот период, соопштија од тамошниот Федерален завод за статистика. 

Производителите на пиво сметаат дека падот на продажбата за 2,7 отсто во споредба со истиот период минатата година е резултат на ладниот мај и на зголемената продажба во јуни минатата година, на почетокот на Светското фудбалско првенство. 

Пивата помешани со освежувачки напитоци, на кои отпаѓаат 5 отсто од вкупната продажба, забележаа пад на продажбата од 1,5 отсто.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...