Свет

МД лансира премиум линија

08 авг 2019

Италијанскиот дисконтер „МД груп“ воведе премиу линија под називот Lettere dall' Italia.

Линијата се состои од традиционални производи од сите региони на Италија.

Производите се сертифицирани со ИГП (индикација за географска заштитеност), ПДО (заштитена ознака за потекло) или со ДОЦ (класификација за осигурување на квалитетот). Состојките што се користат во производството, потекнуваат од локални производители.

Дисконтерот планира да ја прошири понудата и до декември да ги претстави сите категории производи од сите региони на земјата. Пакувањето на производите содржи информации за потеклото, историјата и за патеката на производот.