Свет

Романија планира да воведе данок на безалкохолни пијалоци

07 авг 2019

Романија планира да воведе данок на слатките безалкохолни пијалоци како уште еден чекор во борбата против дебелината, а следејќи ги примерите на други европски земји, како што е Франција. 

Целта на воведувањето на данокот е да ги обесхрабри потрошувачите на слатки пијалоци и да ги зголеми јавните приходи што би можеле да се трошат за здравство и за образование. Епидемијата на дебелина во Европа е голем товар за здравствените системи, соопштија од романското Министерство за финансии. 

Проценките се дека со новиот данок ќе се соберат околу 66 милиони евра во остатокот на 2019 година. 

Тамошното Здружение на производители на безалкохолни пијалоци го оцени овој данок како дискриминирачки и порача дека тоа ќе му наштети на секторот кој сега брои околу 60.000 работни места и вреди околу 1,2 милијарди евра.  

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...