Свет

Бразил е најголем извозник на шеќер во светот

05 авг 2019

Во светот лани е извезен шеќер во вредност од 22,5 милијарди долари. Меѓу земјите кои се најголеми извозници на шеќер се: Бразил, Тајланд и Франција.

Бразил лани извезе шеќер во вредност од 6,5 милијарди долари, што е безмалку третина (29,1 отсто) од вкупното количество на извезен шеќер во светот. Следуваат Тајланд со извезен шеќер во вредност од 2,5 милијарди долари, и Франција со извоз вреден 1,3 милијарди долари. 

Меѓу топ 10 извозници на шеќер се и: Индија (919 милиони долари), Германија (800 милиони долари), Мјанмар (772 милиони долари), Мексико (712 милиони долари), Белгија (541 милиони долари), Гватемала (493 милиони долари) и Холандија (471 милиони долари).

На регионално ниво, Хрватска лани извезла шеќер во вредност од 85 милиони долари и е 40-та во светски рамки. По нејзе следува Србија којашто е 55-та со извоз на шеќер од 42,7 милиони долари. Словенија е 74-та во светот со извоз на шеќер од 16 милиони долари, а Грција е едно место подолу со извоз од 15,9 милиони долари. Бугарија е 83-та со 9,4 милиони долари извоз.

Македонија е 108-ма во светски рамки со извоз на шеќер во вредност од 314.000 долари.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...