Компанијата „Амазон“ ќе вложи 700 милиони долари за преквалификација на работниците низ САД со цел да се префлат квалификуваните технички и нетехнички позиции во канцелариите на „Амазон“, технолошките хабови, малопродажните објекти и во транспортната мрежа.
Главната цел на компанијата е да усоврши 100.000 свои работници, односно дополнителни вештини да добие секој трет работник.
Оваа година се очекува работната сила на „Амазон“ да достигне до 300.000 вработени во САД и 630.000 низ целиот свет. Ова е една од најголемите корпоративни програми на компанијата.
Оваа стратегија ја започна Џеф Безос откако неговата компанија во повеќе наврати беше нападната поради начинот на кој се третирани и платени работниците.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.