Свет

„Маркс & Спенсер“ затвора продавници за да се спаси

15 јул 2019

Познатиот британски синџир на стоковни куќи „„Маркс & Спенсер“ најави дополнително затворање на нивни продавници.

Извршниот директор на компанијата, Стив Роу, потврди дека оригиналниот план за затворање на 110 продавници нема да биде доволен за да се спаси компанијата. 

Уште не е позната конечната бројка за тоа колку продавници ќе бидат затворени. Британскиот синџир досега најави планови за затворање на 85 стоковни куќи и 25 продавници „Симпли Фуд“ и намалување на трошоците за 350 милиони фунти, бидејќи потрошувачите се повеќе се свртуваат кон онлајн продавниците.

Поради лошите деловни резултати, компанијата забележа и постојан пад на цените на акциите, но и натаму останува да котира на лондонската берза. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...