Свет

Чоколади на „Нестле“ ќе добијат амбалажа што се рециклира

09 јул 2019

Мини чоколадите „Yes“ на швајцарската компанија „Нестле“ ќе бидат спакувани во амбалажа што може да се рециклира. 

Од компанијата соопштија дека тоа е уште еден чекор напред кон целта, сите производи на „Нестле“ до крајот на 2025 година да бидат спакувани во амбалажа што нема да биде закана за животната средина. 

„Yes“ чоколадите се направени од здрави состојки - овошје и јаткасти плодови. На пазарот ги има во повеќе вкусови: црно чоколадо, банани, бадеми, малини, чиа семе...   



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...