Свет

Европските компании предупредуваат: Доаѓа рецесија

13 јун 2019

Повеќе европски компании ги очекува рецесија во блиска иднина, бидејќи нивните загуби за побарувањата за наплата на проблематични побарувања значително се зголемиле во 2018 година.

Компаниите објавиле дека учеството на ненаплатени побарувања во вкупните приходи во 2018 година изнесувале 2,31 проценти, што претставува зголемување за 1,69 проценти од 2017 година, се наведува во шведскиот откупувач на долгови „Интруад“. Половина од европските компании тврдат дека рецесијата е неизбежна во рок од пет години, додека само 30 проценти сметаат дека нема да има рецесија во нивните земји во догледна иднина.

Во меѓувреме, околу 18 проценти од компаниите веруваат дека нивната земја е веќе во рецесија.

Во Грција и Италија, рецесијата во голема мера се смета како актуелна реалност, бидејќи 93 проценти и 84 проценти од претпријатијата, тврдат дека таа е неизбежна.

Во исто време, во Австрија, Германија и Данска, овие бројки се далеку под 35 проценти.

Генералниот директор на „Интруад“, Микаел Ериксон, вели дека најновите податоци се сигнал дека “облаците полека се надвиснуваат над Европа”.

Ако се погледне просекот во европските финансиски институции, тука е нивото на проблематични кредити (NPL) околу 4,0 проценти според најновите статистички податоци, изјави Ериксон.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...