Свет

Магазинот InStore на саемот PLMA во Амстердам

20 мај 2019

Годинешниот саем PLMA (World of Private Label) ќе биде отворен од 21 до 22 мај во изложбениот центар RAI во Амстердам. На саемот PLMA 2019 година ќе присуствува и Максим Ѓуровиќ, новинар во магазинот InStore.

Денес, 20 мај, на програмата од конференцискиот дел ќе бидат и две интересни презентации. The Future of Traditional Retailers од Бен Милер, директор за глобална анализа во ИГД и Beyond China, новиот концепт на „Алибаба“ може да го смени начинот како трговците им продаваат на потрошувачите, од Лидиа Палубина, постар консултант за е-трговија и повеќеканална трговија во „Кантар консалтинг“.

Според зборовите на организаторите се очекува присуство на повеќе од 15.000 професионалци од 120 земји од светот и 2.700 изложувачи од повеќе од 70 земји.

Изложбениот простор опфаќа речиси 42.000 метри квадрати, а целиот изложбен комплекс е поделен на три дела. Повеќе од 60 национални павиљони ќе ги претстават своите производи, а годинава посетителите ќе имаат можност да се сретнат со изложувачи и од Израел, Дубаи, Египет, Канада, Јужна Африка и Латвија.

Од регионот присутни се 26 компании од Србија, 21 компанија од Хрватска и 7 од Словенија.

Од Македонија присутни ќе бидат 6 компании и тоа: „Магрони“, „Лион“, „Макпромет“, „СМС груп“, „Виа пром“ и „Виталиа“.