Свет

ЕУ ја забранува пластиката за еднократна употреба

06 мај 2019

Европскиот парламент изгласа забрана на десет пластични предмети за еднократна употреба, како што се цевки, вилушки, ножеви, стапчиња за уши...

Во оваа група спаѓаат и држачи за балони, садови за храна и за пијалок направени од стиропор и сите производи од оксо-разградлива пластика. 

Забраната ќе биде спроведена до крајот на 2021 година. 

Земјите - членки на ЕУ можат да изберат со кои методи ќе ја намалат пластиката за еднократна употреба. Исто така, сите земји добива обврска да соберат и да рециклираат најмалку 90 отсто шд шишињата за пијалок до 2029 година. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...