Македонија

„Виталиа“ имплементираше SMETA и влегува во „Волмарт“

04 Nov 2019

Како дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност, „Виталиа“ имплементираше  SMETA аудит процедура.

SMETA е една од најчесто користените процедури за социјална ревизија во светот. Обезбедува глобално признат начин за проценка на одговорни активности на синџирот на снабдување, вклучително и работнички права, здравје и безбедност, животна средина и деловна етика.

Документите SMETA се дизајнирани да се користат заедно со тековните воспоставени практики од искусни ревизори за да им помогнат да вршат ревизии со висок квалитет што ќе бидат прифатени од повеќе трговци на мало и брендови. SMETA вклучува 3 елементи: општа насока за најдобри практики за спроведување на етички трговски ревизии, општ формат на ревизорски извештај и општ формат за корективни акциони планови. Со имплементација на оваа софистицирана аудит процедура, „Виталиа“ стана првиот производител на здрава храна во Македонија што го снабдува трговскиот синџир „Волмарт“, соопштија од „Виталиа“.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...