IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 17.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Верица Мартиновска: Еден ден во годината!

08.05.2018
 
Верица Мартиновска, директор на InStore – Македонија

FMCG самитот го спремаме нецели пет месеци.

Првично ги осмислуваме темите кои треба да бидат актуелни, интересни, мотивирачки, иновативни, а сепак реални и применливи. Теми кои ќе ги поттикнат присутните да излезат од комфорната зона и да воведат нешто ново во своето работење, да бидат чекор пред другите.

Потоа, ги бараме вистинските предавачи, предавачи кои имаат што повеќе искуство и знаење и кои сакаат тоа да го споделат со другите. Тоа значи и да одвојат време за да се подготват, да направат презентација и да дојдат во Скопје, оваа година дури и од Русија.

Откога ќе ја дефинираме програмата, ги контактираме и фирмите кои ја препознаваат важноста на настанот, за нивна поддршка и спонзорирање на самитот, затоа што без нив самитот не би постоел. Оваа година имаше фирми кои и самите се „пријавија" да бидат спонзори на самитот, што ни е само уште една потврда дека сме на вистинскиот пат и дека е оправдана комуникацијата „Трговски настан на годината".

Ако не ги споменувам техничките работи и нивната организација (бина, озвучување, осветлување, брендирање...), останува „само уште една" работа – да се поканат професионалците од фирмите да присуствуваат на настанот.

И тука се крие најголемиот предизвик. Да се издржи стресот додека сите размислуваат, сакаат, ама не можат да одвојат еден ден, ја виделе најавата, ама не го запомниле датумот, го виделе мејлот, ама не го прочитале. Па, ајде „forward" повторно и повторно smiley.

Верувам дека на сите ни треба барем еден ден во годината во кој ќе се инспирираме, и формално и неформално ќе се дружиме и ќе разменуваме идеи и мислења.

Гледано од аспект на човек што менаџира своја фирма, знам што значи еден ден отсуство на вработен и знам што значи инвестирање во едукација и во посета на настани. Јас силно верувам дека едукацијата и нетворкингот се единствениот прав пат за развој на луѓето од одредена професија и за развој на фирмата. Затоа и InStore како медиум има цврста определба да информира и да едуцира. Затоа и секоја година одново се нафаќаме на организација на FMCG самитот. Верувам дека на сите ни треба барем еден ден во годината во кој ќе се инспирираме, и формално и неформално ќе се дружиме и ќе разменуваме идеи и мислења. Да ја подигнеме културата на FMCG секторот на едно повисоко ниво, за сите да добиеме (а не да изгубиме!) еден ден.

Еден ден во кој ќе се видите со колеги, познаници, конкуренција, соработници... Еден ден во кој ќе чуете десет предавачи, на десет актуелни теми... Еден ден во кој ќе се одалечите од секојдневните обврски и ќе ја видите големата слика. Сите заедно ќе се присетиме зошто го работиме она што го работиме.

Зар сите овие причини не се доволни за да одвоите еден ден?

Се гледаме на 17. мај. smiley


 
 
 
 
back to top