IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Владимир Трпаноски: Приспособувањето на брзите промени е можност за пораст

16.08.2017

Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка"

Чувството е тоа што секој потрошувач го води кон некој производ или бренд. Од тоа какво е чувството, позитивно или негативно, зависи дали некој ќе посегне по одреден производ. Чувството се развива поради навиките на средината, поради личното искуство, поради потребата да се проба нешто ново. Тој што ќе успее да направи вистинска комбинација на овие фактори, ќе може да го задржи потрошувачот.

Сведоци сме на појава на нови производи, на предизвикот да одговориш соодветно на нелојална конкуренција, на потребата да бидеш чекор пред другите. Ова нема да може да се оствари ако не постои вистински тим зад лицето на секоја компанија. Тимот треба да знае да ги препознае барањата на потрошувачите, да создава нови навики, да креира иновативни производи, да ја одржува двонасочната комуникација со потрошувачите и, пред сè, да отвора нови можности за развој.

Како компанија, зад себе имаме брендови кои покажаа дека со постојано вложување во развој можно е, не само да се одржи, туку и да се развие еден бренд. Замислете една машина – секој дел треба да работи беспрекорно за да може да функционира, а секој дел е посебна целина, на која треба да ѝ се посвети внимание. Целината на производството зависи од тоа колку вложувате во модернизација, напредна технологија и во одлични услови за работа на вработените – толку и ви се враќа назад. Продажбата зависи од способноста на вашите продажни тимови, начинот на преговарање, договарање. Поради тоа тимот значи многу, особено кога станува збор за кондиторскиот сегмент, во кој „Витаминка" опстојува како компанија.

Да се обидеме да бидеме пофлексибилни на комуникациските промени, да ги предвидиме проблематичните сегменти и да работиме на нив. Само така ќе може да ги менаџираме нашите брендови во „бучавата" на социјалните мрежи.

Но, тоа не е доволно. Говорев за чувството што го имаме за одредени брендови.  Чувството се развива и по „гласовите" на брендот, кои кружат по „новите" медиуми. Тоа е нов комуникациски канал, кој колку што е добар, толку може да биде „лош". Вистински предизвик за сите нас ќе биде да се „носиме" со новостите од овој начин на комуникација. Имаме голема понуда производи, напредна технологија на производство која носи квалитет, но важно е пораката за сите тие нешта да се пренесе до потрошувачот, што е навистина тешко. Во следниот период, секој од нас ќе има предизвик најмногу во начинот на комуникација со потрошувачите. Имаме брзорастечки медиуми, информацијата многу бргу стигнува до потрошувачот, а во низата од информации има многу „бучава". Затоа е важно вашата информација да се издвои како релевантна. 

Да се обидеме да бидеме пофлексибилни на комуникациските промени, да се обидеме да ги предвидиме проблематичните сегменти и да работиме на нив. Само така ќе може да ги менаџираме нашите брендови во „бучавата" на социјалните мрежи.


 
 
 
 
back to top