IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 23.07.2018 || „Луксол“ повторно работи  |  Трговски vs А-брендови  |  „Волмарт“ се повлекува од јапонскиот пазар  |   Нови бензиски пумпи на КТЦ  |  Добивката на „Плантаже“ изнесува 2,4 милиони евра  |  „Ошан“ воведе гласовен четбот за вино и храна  |  Нова франшизна продавница „Шпар партнер“  |  Специјално пиво по повод средбата Трамп-Путин  |  Доделени првите грантови за домашни компании  |  „Карлсберг“ отвора нова пиварница  |  Кинези ќе градат индустриски парк за овошје и зеленчук  |  Нов ИнфоЛогистички центар во Љубљана  |  „Велпро“ ќе ги поддржува малите трговци  |  Белград стана побогат за уште еден dm  |  Резултатите на „Пепсико“ се подобри од очекуваните  |  Кратошија меѓу најдобрите вина на британскиот пазар   |  „Интермарше“ за постари лица  |  Повисоки трошоци за живот и малопродажни цени во јуни  |  „Бимилк“ подари ново место за спорт и рекреација  |  „Унилевер“ го купи бугарскиот бренд сладоледи Denny  |   ||
   

Маја Веселиновиќ: Првите што излегоа на сигурен пат на развој на трговијата

11.04.2018
Маја Веселиновиќ, директор за хипермаркети и посебни канали за продажба, Меркатор-С, Србија

Со директорката на Секторот за хипермаркети и посебни канали за продажба во компанијата „Меркатор-С" во Србија разговараме за Idea Organic, новиот концепт на продавници, во состав на компанијата, кој на купувачите им нуди сеопфатно решение за малку поздрава исхрана

Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs
 
Во компанијата „Меркатор-С" работи веќе пет години и во текот на кариерата работела во областите трејдинг и малопродажба. Во првата поминала низ процесот на маркетинг-менаџмент, во кој ги водела категориите вино и жестоки алкохолни пијалаци. Потоа, во рамките на малопродажбата, управувала со каналот онлајн-продажба. Во последните две години е директор на секторот хипермаркети и посебни канали на продажба, во чиј состав се „Меркатор хипермаркет" (Merkcator hipermarket), онлајн-продажбата и форматот Idea Organic, во кој, како што вели, најголем предизвик било амбиентот, услугата и асортиманот да бидат во чекор со најновите светски трендови.
Маја Веселиновиќ: Верувам дека постои сè поголема свест на потрошувачите за важноста на квалитетната и здрава исхрана и дека нашиот концепт на органска исхрана е одличен одговор за нивните потреби, што од ден на ден растат. Тоа е дефинитивно една од сигурните насоки за развој на продавниците во иднина и многу сум горда на фактот што први направивме исчекор, пред сите поважни трговски синџири во нашата земја.

Во октомври ги отворивте првите три органски продавници во Белград. Кои беа основните мотиви за да покренете еден ваков концепт?
 
Како што можете да посведочите и самите, моделот на здрава исхрана е во голем пораст, години наназад, и во најразвиените земји од светот и во нашето опкружување. Тој тренд ја зафати и Србија. Со анализата на потребите на нашите купувачи дојдовме до мотивот да покренеме еден ваков нов и, можам слободно да кажам, најсовремен и пионерски концепт на продажни објекти, со внимателно избран асортиман на здрави прехранбени производи.
 
Нашите органски продавници се излегување во пресрет на потребите на луѓето што се грижат за начинот на исхраната и за сопственото здравје. Idea Organic е истовремено и мал едукативен центар, каде што на купувачите им даваме можност да дознаат за сите придобивки од здравата исхрана.
 

Дали се ова први продавници од ваков вид во Србија, кои се дел од еден модерен трговски синџир?


Со продавниците Idea Dorćol и Idea Beograđanka сакавме да покажеме дека можеме да бидеме локални, со Idea London - дека можеме да бидеме светски, а со Idea Organic - дека можеме да бидеме природни. Една од појдовните точки беше дека сакаме да направиме концепт каков што порано немало во ваков облик и како такви да настапиме први на пазарот.

Дали пред да го лансирате овој концепт направивте некакви истражувања за потребите на потрошувачите и што покажаа тие?


Подготовките што ги направивме беа засновани на истражувања за односот на купувачите, на светските трендови, на искуствата од нашите објекти и на анализи на конкуренцијата на пазарот. Врз основа на сите овие податоци осмисливме како би требало да изгледа продавницата, каков асортиман сакаме да понудиме, каков ќе биде соодносот на органските наспроти другите производи и уште многу други нешта.

Дали ги остваруваат резултатите што ги очекувавте и што ги предвидовте или се подобри, или можеби полоши?

Купувачите се задоволни од амбиентот, стручната услуга и од понуденото. Кога на тоа ќе додадеме и дека некои од целите се веќе реализирани, тогаш можам да кажам дека сме исклучително задоволни од досегашното работење и од резултатите.

Објаснете ни ги концептот и асортиманот на продавниците Idea Organic?

Се работи за објекти од помал формат, од 100 до 180 квадратни метри. Без разлика на површината, концептот на изложување на производите е секаде ист. Целиот фронтален изглед на продавниците е облечен во природен бршлен. Како материјал, доминира природно дрво, кое го користевме за „облекување" на продавниците.
 
Амбиентална музика. Во понудата имаме речиси 1.500 различни артикли, при што секој производ има своја намена во исхраната на луѓето што се грижат за своето здравје. Имаме различни видови млеко, слатки, леб, сирења, намази, сокови, кафиња, продукти за приготвување храна - всушност, сè што е потребно за квалитетен оброк, без разлика дали се готви или е готов. Органски, безглутенски, посни, природни.

Ги определивме клучните нешта што нè прават различни, а што сакаме посебно да ги истакнеме, а тоа се најширокиот асортиман на органски производи на едно место, ѕидот со органски рефус-производи со 40 различни органски артикли на мерење, асортиманот To Go, што го развивме само за продавниците Idea Organic, и стручниот персонал и нутриционисти што можат да му помогнат со совет на секој купувач.

На почетокот од годината, заедно со кетеринг-сервисот Fresh square, создадовте сосема нов бренд на нашиот пазар - производите за носење Fresh square. Кажете ни нешто повеќе за оваа понуда?

Со кетерингот Fresh square, односно со хотелот „Сквер најн" имаме соработка веќе подолго време. Претходно за хипермаркетите Mercator креиравме линија квалитетни суши-производи, што се покажаа многу успешни. Кога ги отворавме продавниците Idea Organic, сакавме во понудата да имаме и здрави, вкусни и квалитетни готови јадења. Побаравме помош од партнерите и заеднички дојдовме до специфични и многу квалитетни производи што може да се најдат само во нашите продавници.

Имате ли во план да воведете некои слични брендови?

Засега планот ни е асортиманот да го шириме преку брендот Fresh square.

Со кои снабдувачи соработувате? Каков е соодносот меѓу домашните и странските производи?


Соработуваме со снабдувачи со кои и претходно имавме долгогодишно работно искуство. Асортиманот го шириме континуирано и бараме производители што би можеле да имаат интересни производи за асортиманот на Idea Organic. Што се однесува до соодносот на увозот во однос на домашното, може да се каже дека се стремиме сè што има во Србија да го имаме во нашата понуда. Преку увозниот асортиман постигнуваме разновидност во асортиманот и ја шириме понудата од брендови што кај нас не се присутни.

Нашите органски продавници се излегување во пресрет на потребите на луѓето што се грижат за начинот на исхраната и за сопственото здравје. Idea Organic е истовремено и мал едукативен центар, каде што на купувачите им даваме можност да дознаат за сите придобивки од здравата исхрана.

Дали потрошувачите можат да ги набавуваат артиклите од овие продавници и електронски?


Во електронската продавница Idea Online, во категоријата здрава храна, е достапен и асортиманот на Idea Organic. Во моментов преку нашата интернет-продавница можат да пазаруваат купувачите во Белград и во Нови Сад, на начин што е, морам да истакнам, многу практичен и едноставен за користење. Имајќи предвид колку е значајна заштедата на време за сè поголем дел од нашите потрошувачи, наскоро планираме продажбата преку интернет да ја прошириме и кон други градови во Србија.

Во колкава мера се, според Вашите сознанија, луѓето во Белград и во Србија посветени на здравиот начин на живот и на здравата исхрана?

Според резултатите од истражувањето, повеќето се во Белград, во споредба со другите градови. Тука има влијание не само факторот дека трендовите тргнуваат од метрополите, туку и самата достапност на информациите за здравата исхрана, како и самите производи од тој вид. Во прашање е процес на учење. Не се преминува тукутака на нешто што е ново. Потрошувачите се распрашуваат, пробуваат и полека преминуваат на поинаков начин на исхрана. Тоа е долг, но сигурно исправен пат на грижа за себеси.

Кои се потрошувачите на продавниците Idea Organic?

Податоците од нашите социјални мрежи покажуваат дека 85% се жени и дека се на возраст од 25 до 44 години, во 60% од случаите (36% се само во старосната рамка од 25 до 34 години).

Каде се српските потрошувачи, во споредба со потрошувачите во опкружувањето и во светот, кога станува збор за свесноста за предностите на органските производи?

Во Србија тоа сè уште е на ниво на индивидуален пристап кон исхраната. Во истражувањето што го направивме органското најчесто се поврзува со овошјето и со зеленчукот. За таа област има уште многу да се учи. Оттука произлезе идејата за создавање мал едукативен центар во кој ќе можеме, со нашите нутриционисти, да им приближиме што сè има во понудата.

Има ли простор да се отвори уште некоја продавница во Белград?


Има. Сега сме присутни во Врачар и во Дорќол, а во моментов бараме локации во Сењак, на Дедиње и во Нов Белград.

Размислувате ли за отворање вакви објекти во некој друг град во Србија и, ако планирате, каде?

Планираме да отвориме во Нови Сад. Сигурни сме дека таму концептот може да заживее, така што подготвуваме понуда од Idea Organic и за Војвоѓаните.

Какви се, генерално, плановите за развој на концептот понатаму и од што се условени?

Планот е да отвориме нови продавници и да им се приближиме на купувачите на повеќе локации во Белград и во Нови Сад. Понатаму, да го развиеме концептот Idea Organic и во нашиот формат IDEA Super, со отворање одделенија како дел од нив, а и да овозможиме тргување преку интернет со повеќе локации за испорака.

Какви се Вашите лични очекувања што се однесува на понатамошниот развој на овој концепт?

Верувам дека постои сè поголема свест на потрошувачите за важноста на квалитетната и здрава исхрана и дека нашиот концепт на органска исхрана е одличен одговор за нивните потреби, што од ден на ден растат. Тоа е дефинитивно една од сигурните насоки за развој на продавниците во иднина и многу сум горда на фактот што први направивме исчекор, пред сите поважни трговски синџири во нашата земја.




 
 
 
 
back to top