IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 13.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Горан Теменугов: Предлог-измени на Законот за минерални суровини

19.02.2018
Компасот, каде е компасот?!
 
Ако ви го поставам прашањето дали сте за отворање нови рудници во кои се користат цијанид и сулфурна киселина за преработка на рудата, што би одговориле? Веројатно би потпишале со двете раце дека сте против. Ако ве прашам дали би ги затвориле постојните каде што се користат овие две опасни супстанции, веројатно веднаш би кажале „ставај им катанец и фрли го клучот"


Пишува: Горан Теменугов, новинар

Вака поставените прашања и вака пласираната информација за цијанид и за сулфурна киселина лесно би нè мобилизирале во намерата да се затворат рудниците. Нели, животната средина и нашето здравје се над сè.

Токму ова ни се случи. Користејќи ја моќта што ја добија на изборите, бидејќи зад секој од нив стои волјата на минимум 10.000 гласачи, 11 пратеници од владејачкото мнозинство предложија измени на Законот за минерални суровини со кои ќе забранат употреба на цијанид и сулфурна киселина во преработката на рудата.
Образложенијата на предлагачите се следни: 
  • Долгорочна заштита на животната средина и на здравјето на населението кое живее во близина на наоѓалишта на минерални суровини.
  • Непосреден повод за предложениот закон се издадените концесии за површински копови за рудници за бакар и злато – „Казандол" во Валандово и „Иловица" во Босилово, кои користат сулфурна киселина и цијаниден раствор во огромни количества. 
  • Постои потенцијална опасност по завршувањето на дел од 86-те веќе издадени концесии за геолошки истражувања, да стигнат исто толку барања за добивање концесија за експлоатација на минерални суровини. 
  • Тоа би значело дека околу 10.000 км2 од нашата земја, која целата изнесува 25.000 км2, ќе се разорат од површински копови кои целосно го менуваат изгледот на земјиштето и ги загадуваат водите, воздухот и почвата.
Сево ова држи вода. На прв поглед. Но, за жал, како повторно некој да јава на гол популизам и на желбата да се искористи незадоволството на локалните активисти и да се претвори во политички поени.

А дали е баш така? За жал, тешко дека ќе ја откриеме вистината. 

Предлагачите се обидоа да појаснат дека измените се носат по скратена постапка бидејќи тие биле само седум члена сосе одредбите за објавување во „Службен весник". Плус, сакале со итноста да спречат барања за нови концесии кои би ѝ предизвикале нови проблеми на Владата поради незадоволството на граѓаните. Споменуваат и дека двете концесии за рудници за злато, „Иловица" и „Казандол", се наследени проблеми за Владата. 

Тврдат и дека жителите на Источна Македонија без нови рудници ќе имаат светла и среќна иднина бидејќи со поддршка на Владата ќе има влез на инвеститори во земјоделскиот и во туристичкиот сектор, во лесна индустрија и во паметни технологии. Сметаат дека треба да се смени концептот за економски развој.

И да, тука е проблемот. Скратена постапка за носење. Без вистински да се консултираат сите засегнати и надлежни. Значи без министерствата, Владата, експертите, екологистите, невладиниот сектор, Здружението на рудари и сите што се повикани да дадат мислење за отворање нови рудници и за контрола на постојните, се предлагаат измени на закон. Измени кои директно засегаат 10 отсто од целото индустриско производство на државата. 10 отсто! На индустрија како македонската, која е неразвиена и која засега абер нема да се развие. 

А да не зборуваме за проблемот со рудникот „Иловица". Него сака да го отвори канадската фирма „Еуромакс ресурсис", која котира на Берзата во Торонто и од која  пред неколку години 20 отсто купи Европската банка за обнова и развој. Да, онаа ЕБОР која е чедо на ЕУ и во чии стандарди се колнат предлагачите на измените на Законот за минерални суровини.
 
Без вистински да се консултираат сите засегнати и надлежни. Значи без министерствата, Владата, експертите, екологистите, невладиниот сектор, Здружението на рудари и сите што се повикани да дадат мислење за отворање нови рудници и за контрола на постојните, се предлагаат измени на закон. Измени кои директно засегаат 10 отсто од целото индустриско производство на државата. 10 отсто!

Затоа, останува отворено прашањето дали нашите парламентарци се свесни што прават? Дали се свесни дека може да ја банкротираат фирмата, иако таа ги исполнила сите норми што ги пропишале Владата и министерствата. И, секако, ги исполнила барањата за почитување на еколошките норми.

Но, тоа веројатно никого не го засега. Најважно е да се зграби некој политички поен, без да се има сериозна јавна дебата во која најповиканите би требало го дадат крајниот одговор дали и какви рудници ни се потребни. И конечно, некој треба во оваа држава да гарантира правна сигурност. Како на фирмите што сакаат да инвестираат така и на граѓаните, кои ако бидат оштетени бидејќи некој не ги почитува законите за заштита на животната средина, треба да знаат во која институција да се обратат и да се преземат законските мерки.

И секако: како, кога и со што ќе ги надополниме оние 10 отсто индустриско производство и на што да се надеваме во иднина за да ни расте економијата. Но, за ова се потребни јасна визија и многу работа. 

Компасот, каде е компасот?!





 
 
 
 
back to top