IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 17.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Горан Теменугов: Не е гувернер, гувернерка е...

28.06.2018
 

Пројде една година од владеењето на СДСМ. За политичкиот дел, на друго место. Да се осврнеме на економијата.

Пишува: Горан Теменугов, новинар

По 24 години новинарство, од кои 20 поминати како економски новинар, имам поделени мислења за овие 365 дена на владеењето на СДСМ. Има делови што се за поздравување, но има и делови што се тотално надвор од здравиот ум.

За успесите, накратко. Едноставно, ја стабилизираа економијата. Министерството за финансии, местото од каде што се финансираа 11 години лудите проекти на ВМРО-ДПМНЕ, во годинава што измина има сосема ново лице. Институцијата финансира социјалдемократски политики и полека ја враќа довербата оти се знае каде се трошат парите на граѓаните.

Иако има остри полемики околу утврдувањето на минималната плата на 12.000 денари и големи реакции од текстилната индустрија, и оваа мерка може да се оцени со плус на контото на Владата. Особено ако се земе предвид дека пред зголемувањето на минималецот, имаше независни анализи на економисти дека минималната плата може да се подигне до 12.000 денари. Оваа сума не треба да ги загрози профитите на фирмите.

До тука оди добро. Но, како и сè досега, и во овие 365 дена од економското владеење на СДСМ има едно големо „НО".

Тоа е општиот впечаток дека Владата многу малку посветува внимание на економијата. Форсирајќи ја надворешната политика, економијата како да не постои. За првиве четири месеци од годинава има реализирано само 10,9 отсто од капиталните инвестиции. Ако продолжи овој лош тренд, до крајот на годинава ќе има реализирано само 40 отсто од планираното. Страшно малку. Толку е лошо, што Министерството за образование нема распишано ниту еден тендер за изградба на училишта или за реконструирање на постојните. Така што, од септември сè ќе биде како што е овој јуни.

Секако, за ова се вадат на старите структури на ВМРО-ДПМНЕ што се по институциите, па ги минирале инфраструктурните капитални инвестиции. И ај, да поверуваме.

А прашање е кој е виновен за следново: Почнаа да дивеат цените на дериватите. И „Макпетрол" и „Окта", најголемите трговци со дизел и бензин, велат дека ако сакаме нешто да се промени, да имаме барем малку поевтини деривати, треба да се смени застарената методологија. Но, таа не може да се смени оти во 1999 година, при продажбата на „Окта" на грчки „Хеленик петролеум" е договорено да важи до 20 години или до наредната 2019. Договорот е штетен за Македонија и за нејзините граѓани, а во корист на грчката фирма. Но, токму „Хеленик петролеум" во јануари 2018 година побара средба со владините министри и вицепремиери да разговара за ова, но и за продуктоводот Солун – Скопје. Тој деценија не работи и ако се стави во функција, транспортот ќе поевтини. А со тоа и дериватите, оти „Окта" снабдува 75 отсто од потребите на македонскиот пазар.

 

И одговорот на надлежните за состанок, на кој ќе се разговараше за сите спорни елементи и кога веројатно ќе можеше да се предоговори нешто во корист на граѓаните на државава, беше: немавме време. Пет месеци никој не нашол време, а велат дека имаат политичка волја да затвораат отворени прашања.

 Општиот впечаток дека Владата многу малку посветува внимание на економијата. За првиве четири месеци од годинава има реализирано само 10,9 отсто од капиталните инвестиции. Страшно малку!

Сепак, за нешто најдоа време. Во фотофиниш, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го решија проблемот со избор на нов гувернер, во овој случај гувернерка. По тврдото „не" на двете партии за предлогот на претседателот Ѓорге Иванов за реизбор на Димитар Богов, се најде соломонско решение за само неколку дена. Иванов ја предложи вицегувернерката Анита Бежоска за нов прв човек на Народната банка. И пратениците ја изгласаа токму на денот кога му завршуваше мандатот на Богов, со што не дозволија оваа институција да биде обезглавена. Иако нашите политичари не се познати по мудрост, овој пат така постапија.

Од друга страна, пак, одговорноста на Бежоска е уште поголема од онаа на нејзините претходници оти таа е единствена досега избрана со поддршка и од мнозинството и од опозицијата. Како и да е, нека има лесен мандат без инфлација и девалвација на денарот.


 
 
 
 
back to top