IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 16.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Еуромонитор: Топ 10 потрошувачки трендови за 2018-та

14.03.2018
 

Годинава ќе сведочиме како потрошувачите ќе продолжат да ги доведуваат во прашање вредностите, приоритетите и одлуките за купување, во зависност од нивната поврзаност со брендовите и прашањата што им значат, а главната улога и понатаму ќе ја имаат мобилната технологија и интернетот.

Извор: „Еуромонитор интернационал"

Со зајакнувањето на глобалната економија, во 2018 година се очекува потрошувачката да порасне и да достигне највисоко ниво од 2011 година наваму. Промената на однесувањето на купувачите ќе продолжи да го „тресе" пазарот и во 2018 година, а главната улога и понатаму ќе ја имаат мобилната технологија и интернетот.

Во 2018 година ќе бидеме сведоци на тоа дека потрошувачите ќе продолжат да ги доведуваат во прашање вредностите, приоритетите и одлуките за купување, во зависност од нивната поврзаност со брендовите и прашањата што им значат.

Меѓу луѓето и нивните потрошувачки навики на глобално ниво, во 2018 како водечки ќе се истакнуваат:

1. Чистотници

Потрошувачи што го прифаќаат „чистото живеење", поминималистички начин на живот, каде што умереноста и интегритетот се клучни. Тие се едуцирани деца на генерацијата X или на бејби-бумерите, на возраст од 20 до 29 години, кои имаат силни верувања и идеали. Се насочуваат кон „поздрави" настани и бараат безалкохолни и негазирани пијалаци во баровите и рестораните.

Големите компании како „Дијаџио", која го презеде безалкохолниот бренд Seedlip, и „Хајнекен", со лансирањето на безалкохолното пиво покажуваат грижа за оваа група потрошувачи.

1. Позајмувачи

Нова генерација на луѓе, кои благодарение на своите паметни телефони, споделуваат со заедницата, изнајмуваат или се претплатуваат, ја менува економијата, правејќи одредени навики на трошење да заминат во минатото.

Во ноември 2017 година во лондонскиот трговски центар „Вестфилд" се појави поп-ап продавница која им овозможува на потрошувачите да изнајмат дизајнирана облека и додатоци на една недела, а сите приходи ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

3. Прозивачи

„Хаштаг-активизмот", иако не е нов рапидно добива на сила со експанзијата на користењето на интернетот и со сè поширокото прифаќање на социјалните медиуми. Социјалните медиуми им ја олеснуваат на луѓето потребата за зголемување на свесноста за нешто, за лобирање на промена и за повикување на брендовите за одговорност.

Така, во Британија со е-петиција се издејствува неоданочување на тампоните, како и ветување од страна на „Теско" и „Веитрос" за намалување на цената на хигиенските производи за 5%.

4. Посебни

Расте интересот на луѓето за нивните генетички корени, за тоа што ги прави посебни, а со тоа и интересот за персонализирани производи за прехрана и за убавина.

Се појавува нов бран на компании кои на овие „посебни" потрошувачи им обезбедуваат информации за нивната „посебност" во поглед на здравјето, исхраната и физичката активност, како што се влијанието на гените врз мускулната маса, издржливоста, согорувањето на калориите и метаболизмот. Така, во Велика Британија синџирот на кафулиња „Вита Мојо" приготвува оброци креирани врз ДНК-профилите на потрошувачите.

5. Приспособливи претприемачи

Потрошувачите сè повеќе бараат флексибилност во нивниот животен стил и се подготвени да преземат ризици. Особено милениумците, за кои најголемиот двигател е интернетот како флексибилна платформа за продавање, комуникација, преглед и вмрежување без граници и бариери.

Еден пример за сервис на услуги наменети за приспособливите консументи е „Ремот јер" - компанија што обезбедува пристап до работа и која овозможува рушење на „од 9 до 17 часот" работните места, а обезбедува и патување низ светот.

6. „Да видам, па да купам"

Во 2018 година овие потрошувачи ќе ги поврзуваат перцепцијата и реалноста, дигиталните слики со физичките простори. Потрошувачите ќе бараат да им се визуализираат производите пред да ги пробаат или купат, и во продавниците, и онлајн.

Во 2018 година трговците сè повеќе ќе лансираат платформи со аугментирана реалност. Производителот на облека „Гап" ја создаде Gap’s Dressing Room, апликација преку која потрошувачите можат да изберат облека од онлајн-продавницата и да видат како ќе изгледа на модели што користат генерички големини. Исто така, и „Амазон" ја претстави апликацијата за реална визуализација на производите, наречена AR View.

7. Детективи

Потрошувачите „детективи" покажуваат скептицизам кон масовното производство и кон мотивацијата на компаниите, изморени од празната реторика и смирувачките ветувања. Најдобар начин да се изгради доверба со нив е да се биде ранлив и вистински да се покаже историјата на производот, како и искуствата на луѓето што го произведуваат.

Сепак, кога довербата ќе се изгради, детективите стануваат лојални купувачи. Ова може да се забележи кај крафт-пивата – пиварите отворија пивски пабови за многу полесно да го откријат производството и да создадат врска со консументите.

8. Јас-дизајнери

„Јас-дизајнерите" сакаат да учествуваат во креирањето, дизајнот и во правењето на производот за да добијат вистински персонализиран производ. Тие не бараат да изградат нешто од почетокот, но сакаат алатки или делови со кои ќе креираат.

Најдобар пример за ова е „Мон Пурс", која им овозможува на потрошувачите да го креираат секој дел од чантата, од почеток, користејќи дигитален интерфејс на веб-страницата на компанијата или преку екран во продавницата.

9. Цимери

Трендот на делење простор за заедничко живеење за да се заштедат пари и да се поттикнат заеднички идеи е особено актуелен меѓу милениумците, кои цимерскиот живот од студентските денови сега го пресликуваат и на работната средина и на споделувањето на работните простории .

Можеби најдобриот пример за тоа е компанијата „Ве ворк", која го почна проектот WeLive, кој се состои во изнајмување простори за заедничко живеење.

10. Преживувачи

По десет години од кредитната криза што ја најави големата рецесија, останува вкоренет штедливиот начин на размислување кај потрошувачите. Тие што се на дното од пирамидата остануваат заглавени во сиромаштијата, многу од нив се потпираат на банките за храна и на продавници за користени предмети и облека за да преживеат до крајот на месецот.

Потрошувачите штедат со купување во продавници за препродaжба, хард-дисконти и продавници со ниски цени (од типот сè по 99 денари). Хард-дисконтите се единствените трговци што останаа отпорни на порастот на продажбата преку интернет.



 
 
 
 
back to top