IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 15.10.2018 || „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |  „Цедевита“ доби концесија за вода   |   ||
   

Џим Дејвис: Гарфилд како профитабилна лиценца

28.06.2018
По повод 40. роденден на најпопуларниот мачор на светот


InStore ви носи ексклузивен разговор со Џим Дејвис, креаторот на стрипот за Гарфилд, кој за првпат е објавен во јуни 1978 година во САД. Оттогаш, оваа „портокалова топка" ни се смее речиси од сите видови производи што можете да ги замислите


Разговараше: Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Цртач на стрипови, карикатурист, автор, продуцент, директор, претседател, основач, писател на сценарија, драматург, филантроп, борец за зачувување на животната средина – сите овие титули можат да се употребат за да се опише Џим Дејвис (Jim Davis), кој сепак е најпознат како креатор на Гарфилд.

Џим Дејвис е роден на 28 јули 1945 година во Мерион, Индијана. Израснал на мала фарма со своите родители и помладиот брат. Како и на повеќето фарми, и нивниот двор бил полн со диви мачки. Според проценката на Џим, во едно време ги имало околу 25. Како мал, имал сериозни напади на астма и често бил во кревет. Присилен да престојува во затворен простор, далеку од вообичаените работи на фармата, часовите ги минувал цртајќи. 

На колеџ студирал уметност и бизнис, пред да почне да работи кај Том Рајан, креаторот на стрипот Tumbleweeds (Таличниот Том). Кај него ги научил вештините и дисциплината неопходни за да стане сеопфатен цртач на стрипови и почнал да го создава својот Gnorm Gnat. Кога се обидел да им го продаде својот стрип на весниците, му било речено: „Стрипот е забавен, но бубачки? Кој може да се поврзе со бубачка?". По пет години, Дејвис ја напуштил идејата за стрип за бубачки и, проучувајќи ги подетално стриповите, се обидел со нова тактика. Воочил дека има многу успешни стрипови за кучиња, но ниеден за мачки. Комбинирајќи ја својата желба со цртачките вештини што ги имал од детството, роден е Гарфилд, дебел, мрзлив, циничен мачор кој сака лазањи. Дејвис рекол дека Гарфилд е спој на сите мачки на кои се сеќавал од детството, склопчени во една портокалова крзнена топка. Името го добил по дедото на Дејвис, Џејмс Гарфилд Дејвис. 

Стрипот дебитирал на 19 јуни 1978 година, во 41 весник во САД. Неколку месеци подоцна, „Чикаго сандеј тајмс" го откажал Гарфилд. Повеќе од 1.300 незадоволни читатели барале Гарфилд да се врати. Тој се вратил и останатото, како што кажуваат, е историја. 

Денес, Гарфилд го читаат 200 милиони луѓе во повеќе од 2.100 весници низ светот. 

Гарфилд многу бргу станал сензација и во лиценцирањето, што го инспирирало Дејвис да основа сопствена компанија што ќе се занимава со бизнис-прашањата поврзани до Гарфилд. Компанијата „Paws Inc" е основана во 1981 година, за да се грижи за правните и деловните прашања за користење на ликот на Гарфилд низ светот. Дејвис е претседател на компанијата. 

По повод 40. роденден на најпознатиот мачор на светот, кој несомнено е и еден од најчесто користените ликови на најразлични производи и брендови, InStore со неговиот творец направи ексклузивно интервју на овие простори.

Оваа година Гарфилд го слави својот 40-ти роденден. Дали можевте да замислите колку ќе стане популарен, кога го објавивте првиот стрип?

Не, најискрено, никогаш не можев да предвидам дека Гарфилд ќе успее да остави таков впечаток кај публиката. Мислам дека тајмингот беше вистински. Искрено, бев среќен само да успеам да го објавам стрипот. Можеби некогаш и сум помислил дека во некој момент би било убаво да направам книга, а во моите најлуди соништа, фантазирав и за ТВ серијал. 

Гарфилд многу бргу стана „профитабилен" поради продавањето лиценци за користење на неговиот лик. Во кои индустрии и на кои производи можеме да го најдеме ликот на Гарфилд?

Првиот производ на Гарфилд беше маица на кратки ракави и, генерално, облеката веќе со години е голем дел од лиценцната програма. Но, нашиот најголем успех е во издаваштвото. Во еден момент, работевме со 65 различни издавачи од целиот свет. Исто така, Гарфилд добро поминува и кога станува збор за некои социјални изрази и искажувања, како што се честитки, постери, обележувачи и слично. Имаме лиценци практично за секој вид производ што можете да го замислите... производи за домаќинството, автомобили, играчки, керамика, накит, чевли...

Целиот овој успех Ве инспирираше да основате сопствена компанија, која ќе се занимава со деловните и правните прашања во врска со користењето на ликот на Гарфилд?

Да. Гарфилд е објавен во 1978 година и јас бев толку среќен во својот подрум цртајќи го стрипот. А потоа, добивме покана да направиме маици. Следни, колку што се сеќавам, беа шолји за кафе, па пижами и многу бргу сфативме дека сме на почеток на лиценцна програма. Морав да вработам уште луѓе за да помогнат во работите околу папирологијата и тогаш настана „Paws".

Гарфилд има значителен број обожаватели на Фејсбук и мислам дека тоа е она што ги импредионира потенцијалните баратели на лиценца.

Која индустрија е најзаинтересирана за користење на ликот на Гарфилд на своите производи и како го објаснувате тоа?

Не знам дали би можел баш да издвојам некоја индустрија – ние повеќе сакаме да имаме програма што е добро избалансирана, да им користи на сите по малку. Би сакал да можеме да правиме повеќе промоции. Гарфилд е генијален ПР мачор за голем број индустрии. 

Дали во индустријата на стока за широка потрошувачка постојат компании што го користат ликот на Гарфилд на своите производи? Наведете некои од нив. 
Имавме соработка со компанијата „Кемпбел суп", за тестенини во конзерви. Овие производи беа многу успешни долго време. Исто така, имавме производи за домашни миленичиња, вклучувајќи и храна, која многу добро се продаваше. Гарфилд беше користен за да се подобри продажбата на првата храна за мачки што воопшто беше воведена на пазарот. Но, по неколку години, произведувачот реши дека сака да се фокусира исклучиво на храна за кучиња, што и им беше главен бизнис со години.  

Кој е најчудниот производ на кој се нашол ликот на Гарфилд?

Не знам дали е тоа чудно, но постои нешто што јас не би го купил – го имавме Гарфилд на сетови за во бања. Јас мислев дека е малку несоодветно, но ги направивме. Соработниците и партнерите ме убедија дека хуморот може и треба да се носи и во веце. 

Имаме лиценци практично за секој вид производ што можете да го замислите... производи за домаќинството, автомобили, играчки, керамика, накит, чевли...

Имате ли податоци за тоа колку ликот на Гарфилд влијаел на зголемување на продажбата на производите што го користеле неговиот лик?

Подобро да не влегувам во детали, но можам да кажам дека бевме особено воодушевени од резултатите при неодамнешните соработки со компании што произведуваат тренди облека и додатоци, од целиот свет, како што се „Хандертс" од САД, „Беастин" од Германија, „Фан бренд" од Кина и „Лејзи оуф" од Велика Британија. 
Дали некоја компанија од просторите на поранешна Југославија соработува или соработувала со вас и имала лиценца за користење на Гарфилд?
Да. Неодамна потпишавме договор со „Јуниверс лајсенсинг" како подагент на „Плус лајсенс". Тие направија нов договор со компаниите „Фит степ" и „Оптимум" од Србија, за училиштен прибор. Двата договора ги покриваат и Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора.

Исто така, Гарфилд е активен и во дигиталниот свет, има своја веб-страница, профил на Фејсбук... Како тоа влијае на неговата популарност во деловна смисла и во барањата за лиценца?

Морате да имате и веб-страница и да бидете на социјалните мрежи, доколку сакате да бидете релевантни. Гарфилд има значителен број обожаватели на Фејсбук и мислам дека тоа е она што ги импресионира потенцијалните баратели на лиценца. Се трудиме, најдобро што можеме, содржината да биде исклучиво од забавен карактер, затоа што сметаме дека поголемиот број од обожавателите на Гарфилд повеќе сака на брзина и кришум да се насмее за нешто што тој го има кажано. Но, забележуваме дека сè повеќе и повеќе деловни партнери се заинтересирани за присуството на Гарфилд на социјалните мрежи, како и за демографската структура на неговата публика.

Дали подготвувате некои нови договори за лиценца и на кои производи наскоро ќе можеме да го видиме Гарфилд?

На меѓународно ниво, Гарфилд се забавува со „Шест знамиња", тематски паркови во Кина, бидејќи е именуван за карактерна ознака на подрачја за деца во два нови паркови. Неодамна банката ICICI во Индија издаде дебитна картичка со Гарфилд, а „Гарфилд итс" е нов ресторан за достава на храна со забавна апликација, кој ќе биде отворен во Дубаи. Во 2019 година, во Кина, ќе биде отворена образовна и рекреативна фарма со тема од Гарфилд, каде што децата и целото семејство ќе можат да доживеат практично земјоделско искуство. 

Во САД, Гарфилд оди меѓу кучињата, односно неговото лице му помага на Bobs од „Скечерс" да продава линија на секојдневни обувки, од која приходите ќе се донираат во друштвото „Best Friends Animal". Исто така, Гарфилд е и ѕвезда на серијал за виртуелно трчање. Иако Гарфилд со задоволство ќе потрча секогаш кога е во прашање храна – Трката по крофни на Гарфилд е првата од низата виртуелни и реални трки планирани за оваа година. 

 
 
 
 
back to top