IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 17.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Човечки ресурси: Во сезона на годишни одмори и во зенитот на работата

28.06.2018
Одмори се, заслужи!
 
Откога постојат светот и векот, во период кога имаме најмногу работа - најмногу се одмара. Работа имаме преку глава, а ни недостигаат луѓе, бидејќи пливаат грбно, краул...
Автор: Ениса Селмановиќ-Салкиќ,
раководител за правни работи и за
човечки ресурси, „Мегамикс"  

Штотуку го прославивме почетокот на новата година, ги прославивме женските права и Денот на трудот го одбележавме со неработење, ни се приближи периодот кој го нарекуваме „сезона на годишни одмори". Второто име на овој период е „она време кога работата ќе тргне". Како и да свртиш, првото го исклучува другото.

Во принцип одморот и „ни тргна работата" не одат едно со друго. Но изгледа и одат. Откога се светот и векот, во време кога има најмногу работа - најмногу се одмара. Не знам како, но така е. Не би сакала да анализирам бидејќи некои работи само ги прифаќаме такви какви што се. 

Само што го прославивме почетокот на новата година, ги прославивме женските права и Денот на трудот го одбележавме со неработење, ни се приближи периодот кој го нарекуваме „сезона на годишни одмори". Второто име на овој период е „време кога работата ќе тргне". Како и да свртиш, првото го исклучува другото.

Така, работа имаме преку глава, но ни недостигаат луѓе, бидејќи пливаат грбно, краул. Или прават нешто што ги прави среќни. Но, добро па лето е, жешко е, асфалтот е жежок, децата се на распуст... Мора малку да се одмориме и да запливаме во убавите сини мориња.

Како и да е, сите одат на одмор, секако не во исто време. Кога ќе се доведе до еден број, тоа секогаш е два. Двајца одат на одмор, како тоа? Па така, еден што одмара и другиот што не одмара.

Тој што одмара, едноставно заминува некаде со пријателите, семејството или сам и го прави тоа што треба – се одмара.

Не ги проверува мејловите, не им ѕвони на соработниците. Не им пишува кога ќе дојде до интернет и не добива нови идеи од нигде никаде. Не ги потсетува да ги решат нештата што веќе се решени, едноставно кажано, не ги злоупотребува.

Тој развил свој тим. Ги научил да работат, имаат јасни цели и насоки. Тие се дел од добро поставен систем кој функционира со шеф или без него. Да, убаво е кога шефот е тука за да ги бодри и да ги брани, но убаво е и кога тој се одмара.

Додека тој одмара, фирмата не пропаднала, вработените направиле сè што требало да се направи, сите проблеми се решени, можеби и некоја непланирана победа е извојувана. Каков шеф, такви луѓе!

Тој што не одмара, е тој е вистински примерок. Во него постојано се води борба меѓу „незаменлив сум" и „сирот јас".

Разговарајте со вашите луѓе, размислете што треба да промените, што можете да направите подобро и поинаку. И направете го тоа, бидете храбри. Направите чекор напред!

Незаменлив сум - никој ништо не знае, тој знае сè. Сите се неспособни, а тој е способен. Ништо не знаат самостојно да направат, тој е сам пред светот. Секако дека не знаат ништо, оти не ги научил. Секако и дека се неспособни, кога тој ги направил такви преземајќи одговорност и занимавајќи се со микроменаџирање (менува светилка, купува тоалетна хартија...). И секако дека е сам, бидејќи направил да е сам. Околу себе направил ѕид кој неговите луѓе веќе и не сакаат да го поминат, туку гледаат кога тој ќе замине во спротивниот правец.
Сирот јас - тој е жртва, сè е на неговите кревки плеќи. Ако тој не види, не направи и не набљудува, ништо нема да се заврши. И сирот тој, нема ниту живот ниту одмор.
Не спие, не јаде, само работи. Но, самиот одбрал да биде жртва на своето его. Никој не може да го спаси од него. Тој и кога е на одмор се јавува да прашува и секојпат со „дали ќе ме оставите да се одморам". А реално би го пуштиле, но кога и тој би ги пуштил нив.

Кога вработените кај овој што одмара ќе заминат на одмор, тој навистина ги пушта да се одморат. Не им се јавува, не ги бара и не ги прашува. Направил систем, мрежа на луѓе, има силен тим кој може да реши сè во дадениот момент, без оглед дали сите вработени се на број. 

Вработените кај овој што не одмора гледаат и да не отидат на одмор. Ако отидат, им се „качува на глава", како што разговорно знаеме да кажеме. Па, како можат да бидат исклучени додека се на одмор кога тој не се одморил. Секогаш успева да додаде дека тој е жртвата и како воопшто можат да го остават да биде сам. Драми!
Сезоната на одмори е на прагот, а веднаш зад неа и многуте работни обврски. Размислете кои сте од овие двајца. Размислете кој од нив сакате да бидете.

Ако сте како овој што не одмара, не уверувајте се во спротивното, туку прашајте се зошто го правите тоа. Дали ви е потребно тоа, вам и на вашите луѓе? Секако дека не ви треба.

Разговарајте со вашите луѓе, размислете што треба да промените, што можете да направите подобро и поинаку. И направете го тоа, бидете храбри. Направете чекор напред!

Ако сте како овој што одмара, браво за вас и уживајте во заслужениот одмор!




 
 
 
 
back to top