IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Недела, 24.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Анита Спасовска: Бучен Козјак - семеен, искрени во тренд

19.02.2018
Анита Спасовска, генерален директор на „Бучен Козјак"

Разговараше: Наташа Атанасова, natasha@instore.mk

Анита Спасовска, жената што веќе десет години е прв човек на млекарницата „Бучен Козјак", во својата кариера се има закитено со повеќе признанија за достигнувања во работењето, а во моментов е актуелен носител на „титулата" менаџерка за 2017 година што ја доделува Асоцијацијата на менаџери на Република Македонија.
 
„Големината на нашиот успех се мери во јачината на нашите желби, во големината на нашиот сон и како се носиме со разочарувањата на тој пат" – ова е една од многуте мисли што ме инспирираат и ме поттикнуваат кон остварување подобри резултати, вели Спасовска, со која отворивме повеќе прашања и разговаравме на актуелни FMCG-теми.
На позицијата генерален директор на млекарницата „Бучен Козјак" годинава заокружувате цела деценија. Гледано ретроспективно, колку оттогаш се променија условите за работа на пазарот?

Гледано од оваа перспектива можам да кажам дека доста работи се сменија и како општество треба постојано да се стремиме кон промени кои ќе ни овозможат да креираме подобри услови за живот. Не би сакала сега да набројувам што е она што беше сработено и како тоа имаше рефлексија врз нашето работење, само би кажала дека она што ни недостига е да го искористиме искуството на развиените држави, а притоа да внимаваме донесените одлуки да бидат апликативни на нашето ниво на развој на стопанството. Затоа што доколку не се созреани одредени услови и нема соодветна клима за реализација, самото носење на одлуките за промена може да предизвика контраефект.
 
Во последните педесетина години економската база се сврти од производството кон потрошувачката. Гравитираше од сферата на рационалноста во царството на желби, од објективното кон субјективното и во царството на психологијата. 

Работата на планот на маркетинг на „Бучен Козјак" низ годините е фокусирана на градење еден единствен бренд – Бучен Козјак. Ако маркетерите тврдат дека брендот треба да се гледа како личност, како би ја опишале „личноста" Бучен Козјак?

Доста интересно прашање кое поттикнува на размислување . Личноста на брендот повеќе од една деценија им го привлекува вниманието како на теоретичарите така и на луѓето од практиката – од областа на маркетингот. Честопати е опишана и како „жешка тема" која е предмет на различни истражувања во врска со личноста на брендот, а со самото тоа и укажува на значењето на овој концепт и неговите ефекти. Личноста на брендот е метафора која се однесува на запазувањето на потрошувачот и неговото субјективно замислување на доживување на брендот како личност, како збир на човечки карактеристики. 

Бучен Козјак претставува средовечна семејна личност која е горда на своето потекло и сака да ја негува традицијата. Од големо значење ѝ се семејните вредности чесност и искреност и големо внимание посветува на квалитетниот начин на живот, а притоа секогаш внимава и сака да биде во тренд.

Вашите производи ги опишувате како целосно природни, а велите дека политиката на компанијата е фокусирана на квалитет. Дали во текот на изминативе години сте биле доведени во ситуација да размислите да направите компромис во тој поглед?

Сите производи што ги произведуваме се природни и многу внимаваме на квалитетот на млекото што го употребуваме за нивното производство. Тоа е нешто што уште основачите го поставиле на самото формирање и развивање на бизнисот како своја цел и политика на самата компанија. Во ниеден момент не е ставено во прашање намалувањето на квалитетот на производите за остварување поголема профитабилност и тоа никогаш нема да се случи, ниту пак ќе се прават какви било компромиси. Единственото нешто кон кое константно се стремиме и работиме е да го подобриме квалитетот уште повеќе. 

И во моментов додека ова го зборувам со вашето прашање ме потсетивте на еден статус што го имам прочитано во некое од интернационалните списанија и ќе се потрудам што е можно поавтентично да го пренесам. Во последните педесетина години економската база се сврти од производството кон потрошувачката. Гравитираше од сферата на рационалноста во царството на желби, од објективното кон субјективното и во царството на психологијата. Ова значи дека повеќе од кога било досега клуч за успех е детално да ги познаваме емоционалните човечки потреби и желби и притоа да настојуваме да градиме силна врска со потрошувачите, а која, пред сè, ќе се заснова на партнерски однос. И не случајно излезе и еден текст во „Волстрит журнал" со наслов „Збогум на понудата и побарувачката". И сега кога сме свесни што значи потрошувачот да ти ја даде својата доверба и од мноштвото производи да те одбере, ни најмалку не сакаме да го разочараме и да ја нарушиме партнерската релација smiley

Ние, како компанија, сакаме да креираме задоволни потрошувачи и сме горди на нив, бидејќи токму ова нашите потрошувачи го препознаа и минатата година ја добивме наградата „Custumer’s Friend" од меѓународната организација ICERTIAS.

Развојната компонента во нашето работење ќе продолжи и оваа година, па и покрај инвестициите што се однесуваат на проширување на магацинските простори, ќе има освежување и на производствените капацитети со набавка на нова опрема.

А колку сте задоволни од соработката со трговските синџири во земјава и дали сметате дека малопродажбата ги диктира правилата на игра во FMCG-секторот кај нас?

Трговските синџири се дел од нашето секојдневно работење и се значаен стратешки партнер за нас, и кога со некого имаш партнерска и бизнис-релација, секако дека таа треба да се негува и одржува. Во нашето досегашно работење не сме имале некои проблеми и на која било настаната ситуација со конструктивен пристап и дискусија сме наоѓале разумно решение кое одговара и за двете инволвирани страни.

Во која насока ќе се одвиваат работите и кој ќе ги диктира правилата на игра во FMCG-секторот, пред сè, зависи и од самите трговци, дали ќе бидат доволно силни да му се спротивстават на налетот од големите компании и новите трендови во продажбата преку интернет.

Единствената „критика" што може да се најде на социјалните мрежи за „Бучен Козјак" е дека потрошувачите често ги наоѓаат полиците на маркетите испразнети во делот каде што стојат Вашите производи. На што е индикатор за Вас оваа „out of stock" слика?

Нашата мисија е на традиционален начин да произведеме висококвалитетни млечни производи и да бидеме на услуга на нашите потрошувачи. Подобрувањето на нивото на услугите е континуиран процес и секогаш може и подобро, но и покрај нашите напори, понекогаш се случува некои полици да останат празни. Ќе ја искористам можноста да им се извинам на сите наши потрошувачи доколку се имаат најдено во ваква ситуација. Како информација и ние ја добивме од социјалните медиуми и работиме на тоа да се надмине, а веќе се преземени и неколку мерки за решавање на состојбата.

Бидејќи е период на продолжување на годишните договори со КА, ова сигурно ќе биде една од значајните теми за разговор, која ќе иницира да размислат на кој начин ќе го конципираат својот менаџмент на категории, а со самото тоа ќе им дадат и поголем простор на оние производи што имаат поголема излезност smiley.  

Кога станува збор за дистрибутивната политика – како Ви е организирана дистрибуцијата и кои се најсилните делови од земјава во поглед на продажбата на вашите производи, а кои сè уште ги немате покриено?

Пред неколку години ја сменивме дистрибутивната политика и имаме надворешни соработници кои ја вршат дистрибуцијата во наше име, но иако станува збор за надворешни компании, ние постојано го следиме нивното работење и способноста да го испорачаат производот навреме до крајниот потрошувач. Најголем процент од продажбата се реализира на територијата на Скопје и Куманово, а потоа и во другите градови во државата. За жал, нашите потрошувачи од Битола, Прилеп и од Крушево сè уште не сме во можност да ги испочитуваме со квалитетна и континуирана испорака на нашите млечни производи, но сметам дека плановите по оваа основа ќе се реализираат годинава. 

Пред неколку години „Бучен Козјак" беше една од трите млекарници што добија дозвола од АХВ за извоз на рускиот пазар. Дали сè уште пласирате Ваши производи таму и каква е Вашата извозна стратегија?

Да, нашата компанија беше една од трите млекарници што ја добија дозволата за извоз во Руската Федерација и во другите земји членки на Евроазиската економска унија, на што претходеа низа контроли на тековното работење од страна на инспекторите од нашата Агенција за храна и ветеринарство и од Федералната служба за санитарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација (Роселхоз надзор). Од наша страна се направи истражување на тој пазар и притоа се согледаа потрошувачките навики и каков вид производи консумираат. Пронаоѓањето и изборот на деловен партнер е процес што бара максимална внимателност бидејќи ние досега не сме имале продажба на тој пазар. Но, исто така, знаеме дека станува збор за огромен пазар каде што треба да се испочитуваат и количини. Во процесот на истражување и преговарање голема помош имаме и од Македонско-руската стопанска комора, која се труди да ни ги обезбеди сите потребни информации. Каков ќе биде исходот од овие преговори, ќе видиме во иднина.

Какви Ви се плановите за оваа година? Дали подготвувате нови производи, нови инвестиции, проширување на производствените капацитети...?
 
Развојната компонента во нашето работење ќе продолжи и оваа година, па и покрај инвестициите што се однесуваат на проширување на магацинските простори, ќе има освежување и на производствените капацитети со набавка на нова опрема. Во првата половина од годината ќе имаме и нов производ кој е креиран врз основа на барањата на нашите ценети потрошувачи. Доста студиозно и темелно го работиме развојот на секој нов производ и искрено се надевам дека нашите потрошувачи ќе бидат задоволни од она што наскоро ќе им го понудиме. Исто така, имате чест ексклузивно да ви ја споделам информацијата дека работиме и на промена на дизајнот на нашите производи и оваа година тие ќе добијат нов и помодерен изглед во согласност со трендовите на пазарот.  
 
Треба да се воспостави поголем дијалог меѓу Владата и претставниците од стопанството. На тој начин нема да се предлагаат мерки по нејзино видување и претпоставки, предлозите ќе произлезат од стопанството, ќе бидат разгледани од различни аспекти, а таа само ќе ја има улогата на фасилитатор.

Во кој сегмент од менаџирањето на компанијата имате најмногу предизвици?

Мене, како одговорно лице на компанијата, сите сегменти ми се важни и доколку кој било од нив не функционира како што треба, тоа сигурно ќе има рефлексија врз целокупното работење. Без оглед на тоа колку години се поминати во менаџирањето, колку едукации се посетени или колку стручна литература е прочитана, клучниот момент се наоѓа во тоа како се однесуваме со луѓето во нашите тимови. Успешното водење на тимот бара личен и професионален развој не само на лидерот туку и на секој поединец што е дел од самиот тим. Она што секојдневно го применувам е да ги потенцирам позитивните работи, а од грешките учиме и носиме заклучоци како да бидеме подобри во иднина. Јас не сакам да им шефувам на луѓето, туку да ги инспирирам, да ги мотивирам, да ги водам во правец на реализирање на заедничките цели. Како што Ганди одамна кажал: „Биди промената што сакаш да ја видиш во светот". Или, преформулирано од аспект на тим-менаџмент, може да се каже: „Бидете лидер каков што би сакале Вас да Ве води".

Да сублимирам, секој сегмент е значаен, на секој му посветувам внимание и енергија еднакво, во зависност од дадената ситуација. Но, како што имам и во неколку мои претходни интервјуа споменато, во една компанија за мене од круцијално значење е човечкиот капитал со кој располага таа и кој во иднина ќе стане вистински проблем.

Како ги оценувате најавените мерки на Владата за поголема поддршка на домашните компании и кој е Вашиот апел во таа насока – како институциите можат да му помогнат на реалниот сектор?

Години наназад стратегијата на „Бучен Козјак" е своето тековно работење да не го конципира на поддршката од евентуални надворешни чинители, туку токму спротивно, компанијата е основана да даде придонес кон општеството. Но, сепак, најавените мерки покажуваат дека Владата гледа на домашните компании како на свои партнери и на овој начин ги изедначува со странските инвеститори. Што, секако, е за поздравување. И јас не би ја продлабочувала оваа дискусија во детали бидејќи сепак владините претставници се тие што треба да си ја вршат својата работа. Единствено нешто што би споменала и сметам дека е неопходно да се направи е да се воспостави поголем дијалог меѓу Владата и претставниците од стопанството. На тој начин нема да се предлагаат мерки по нејзино видување и претпоставки, предлозите ќе произлезат од стопанството, ќе бидат разгледани од различни аспекти, а таа само ќе ја има улогата на фасилитатор.

Ова погледнато од менаџерски аспект, кога се воведува некоја промена доколку решението и начинот произлезат од самите вработени и оние што треба да ја имплементираат, има поголем успех во реализацијата отколку спротивниот пристап.






 
 
 
 
back to top