IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 17.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

ИГД: Пет малопродажни трендови во Централна и во Источна Европа

08.05.2018
Поголем избор за поедноставно купување

Малопродажниот пазар во Централна и во Источна Европа претставува возбудлив пазар на пораст за локалните и за меѓународните трговци
Автор: Амин Алхатиб, меѓународен аналитичар за малопродажба, ИГД

Трговците на мало и доставувачите од регионот на Централна и на Источна Европа (ЦИЕ) годинава ги очекуваат многубројни нови можности. Анализирајќи ја тековната година, идентификувани се пет клучни трендови кои очекуваме да влијаат врз пазарот и врз стратегиите на малопродажните трговци во ЦИЕ.

1.Дисконтерите ја менуваат стратегијата за големината на продавницата

За да привлечат поголем број купувачи, дисконтните синџири во ЦИЕ, но и на глобално ниво, го ревидираат својот асортиман на производи. Освен тоа, дисконтните трговци отвораат и нови продавници на различни локации, настојувајќи да бидат пофлексибилни во однос на големината на форматите, со што го приспособуваат овој чекор на стратегијата за асортиманот, кој треба да биде соодветен за локацијата. „Лидл" продолжува да отвора продавници што се поголеми од просечните, а и полска „Биедронка" експериментира со различни големини, отворајќи продавници што се мешавина од помали или поголеми од нејзините просечни продавници.

2.Нови услуги во продавниците

Како дел од стратегијата за оптимизација на продажбата и за привлекување повеќе купувачи, малопродажните трговци во Централна и во Југоисточна Европа лансираат нови услуги во продавниците, ги развиваат одделите за храна за носење и склучуваат партнерства со други компании. На пример, „Кауфланд" додава нови оддели за храна во продавниците во Романија и во Полска, а „Теско" соработува со малопродажни трговци што не се од FMCG-секторот, односно со синџирот за спортска опрема „Декатлон" и со синџирот за облека „Х&М".

3.Органски и локален асортиман со транспарентен синџир на снабдување

За да ги охрабрат потрошувачите да купуваат што повеќе приватни трговски марки, малопродажните трговци во ЦИЕ се обидуваат да изградат доверба преку производи што се органски или со локално потекло. На тој начин, трговците попрецизно ги демонстрираат квалитетот на производот и транспарентноста на синџирот на снабдување. Како примери за овој тренд може да се наведат лансирањето производи од локални извори во голем број продавници на „Лидл" во ЦИЕ и лансирањето на органската приватна трговска марка goBio на „Биедронка".
4.Инспирација за поздрава храна

Здравиот начин на исхрана и на живеење е популарен и растечки тренд кај купувачите во ЦИЕ. Трговците на мало ја идентификуваа вредноста на овој тренд и за да ги привлечат купувачите во продавниците, експериментираат преку различни формати на продавници и инвестираат во асортиманот на производи. Освен тоа, за да ги поттикнат купувачите да купуваат здрава храна, трговците вложуваат и во инспиративни кампањи. „Stojí za to jíst lépe" (Подобро е да се јаде подобро) на чешкиот трговец „Алберт" и „Zdrowie na talerzu" (Здравје во чинија) на „Карфур" во Полска се одлични примери за инспиративни кампањи, а „Ошан" има подиректен пристап, со насочување на купувачите кон здравите опции во продавниците.

5.Употреба на технологијата за поедноставно купување 

Безготовинските плаќања и експериментирањето со интернет-продажбата, како што е Carrefour Pro во Полска, на малопродажните трговци им овозможуваат пристап до повеќе информации за купувачите, што им помага да ја оптимизираат понудата во продавницата. Друга, особено важна вредност што произлегува од дигитализацијата и од автоматизацијата е што персоналот има повеќе време и може да се посвети на поприоритетни активности, како што е услугата или управувањето со залихите.
Со овие пет тренда не се исцрпени можностите за развој на малопродажбата во Централна и во Источна Европа, но тие ќе ги дефинираат насоките на трговците годинава. Купувачите ќе имаат корист од оптимизираната понуда во продавниците, која ќе им овозможи поголем избор и поедноставно купувачко искуство.
Производителите што можат да им помогнат на малопродажните трговци во остварувањето на овие планови ќе имаат огромна корист од новоотворените можности.




 
 
 
 
back to top